Роналдо ќе го тужи Јувентус за долг од 20 милиони евра

Кристијано Роналдо подготвил тужба против Јунвентус за долг од 20 милиони евра. Фудбалерот кој замина во Саудиска Арабија и го потпиша еден од најголемите и највредни договори во историјата на спортот синоќа го играше првиот натпревар за Ал Наср и тоа против Лионел Меси и Пари Сен жермен.

Сега во јавноста излегоа нови информации дека Португалецот подготвил тужба против Јувентус. Според информациите кои ги објавија италијанските медиуми, Роналдо бара од Јувентус 19,548,333 евра, износ кој му бил ветен и кој требало да му се исплати, но тоа уште не се случило.

Ги повикал неговите адвокати кои сега ја подготвуваат тужбата.

Роналдо е подготвен да си ги побара парите по правен пат. Да бидат работите полоши за Јувентус, челниците на клубот имаат сослушување пред Арбитражниот суд за финансиски малверзации“, пишува италијанскиот весник „Република“.

Роналдо ја има целата потребна документација и очекува случајот да го добие на суд без никакви проблеми, велат извори блиску до фудбалерот.

Scroll to Top