Русите популарниот Биг мек на „Мекдоналдс“ го заменија со Биг хит

Откако популарниот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ се повлече од Русија, руските ресторани најдоа алтернатива за нивните сендвичи. Љубителите на вкусниот Бик-мек хамбургер, во иднина ќе можат да уживаат во хамбургерот Биг Хит.

„Мекдоналдс“ минатиот март ги затвори своите филијали во Русија, а сега рускиот ресторан за брза храна „Вкусно и точка“ во понеделникот објави дека алтернатива за Биг-мек е нивниот хамбургер Биг хит, а се враќа и производ сличен на Мекдоналдс Среќен оброк (McDonald’s Happy Meal) наречен Детски комбо.

Новите производи ќе се најдат на нивното мени од февруари.

За потсетување „Мекдоналдс“ ги затвори своите руски ресторани веднаш откако Москва започна воена офанзива врз Украина во февруари. Рестораните беа продадени на локалниот носител на лиценцата, Александар Говор, кој го претстави новиот бренд во јуни.

Извршниот директор Олег Пароев рече дека компанијата „Вкусно и точка“ сега успешно ги надминала сите проблеми со синџирот на снабдување со кои се соочувала на почетокот и го зголемува својот удел на пазарот во кој традиционално доминираат странски синџири.

Scroll to Top