Руска слаткарка казнета поради антивоени колачи украсени со боите на Украина

Руска слаткарка, е обвинета за дискредитација на руските вооружени сили и казнета затоа што оставила лош имиџ на војската на Путин откако направила антивоени колачи.

Анастасија Чернишева почнала да споделува фотографии од колачи украсени во жолто и сино на украинското знаме на својот Инстаграм профил два месеци по инвазијата на Русија врз Украина.

Kако што пренесува британски Телеграф, една торта во форма на фалус била украсена со фразата „F–k war“.

Чернишева била приведена, објави веб-страницата за следење на полицијата ОВД-Инфо, цитирајќи ја нејзината адвокатка Јулија Евдокимова.

Таа била пушена од притвор откако била обвинета за дискредитирање на руските вооружени сили, злосторство што го воведе Кремљ по инвазијата на Украина за да се запре јавното противење на војната и во петокот и беше наредено да плати казна од 35.000 рубли или 345 фунти откако беше прогласена за виновна во московскиот окружен суд Измаиловски.

Scroll to Top