Рускиот научник кој ја разви вакцината „Спутник“ пронајден е задавен во неговиот дом

Рускиот научник кој ја разви вакцината „Спутник“ против Ковид 19, пронајден е задавен, пренесуваат светските медиуми.

Андреј Ботиков, еден од 18-те научници кои ја развиле вакцината „Спутник V“ во Националниот истражувачки центар Гамалеја, е идентификуван како човекот кој на 2 март е пронајден задавен во неговиот дом на улицата Рогова.

Претходно е соопштено дека тој го преживеал нападот. Истражниот комитет на Русија (ИЦР) сега отвори истрага за убиството, верувајќи дека 29-годишниот маж го задавил научникот со појас за време на расправија пред да побегне од местото на настанот.

Scroll to Top