Долгоочекуваниот филм за најпознатата кукла на светот – Барби пристигна во кината. Го има и ликот на Рут Хендлер – жената која ја создаде Барби и им овозможи на девојките да сонуваат.
Рут Хендлер направи револуција во индустријата за играчки кога ја измисли популарната возрасна женска кукла. Пред да се појави Барби, девојките претежно си играа со кукли, што ги условуваше да бидат мајки. Затоа, уште од мали нозе биле ставени во улога на мајка која мора да ја храни, облекува и да се грижи за куклата.
Секако, заедно со тоа дојдоа и цел сет додатоци, а со тоа се обидоа да направат се за да ги научат девојките дека нивната највисока и најценета цел во животот е да станат мајка.
За среќа, во раните 1950-ти, Хендлер имаше прилично револуционерна идеја во тоа време дека играњето со кукли што личат на возрасни жени ќе им помогне на девојките да замислат што би можеле да бидат кога ќе пораснат.
Хендлер црпела инспирација од нејзината ќерка Барбара, која си играла со хартиени кукли. Таа ја именувала својата легендарна кукла Барби, по нејзината ќерка Барбара.
Хендлер го коосноваше „Мател“ со нејзиниот сопруг во 1945 година за да продава рамки за слики пред да се свртат кон мебел за кукли и на крајот други играчки. Но, кога на директорите на компанијата им ја предочи идејата за кукла што изгледа како возрасна, тие се спротивставиле. Полемиката била дека ниту една мајка, нема да и купи на ќерката кукла со гради.
До 1959 година, девојчињата биле ставани во улогата на мајка само преку играње со кукли.
Идејата била во застој до 1956 година кога, на одмор во Европа, Хендлер видела германска кукла Билд Лили во продавница. Куклата била заснована на пин-ап стрип со раскошна фигура и била дизајнирана како секси гардероба за војниците за време на Втората светска војна. Хендлер донела една од куклите назад во САД за да им докаже на дизајнерите на „Мател“ дека можат да произведат нешто слично.
И така конечно се родила Барби, за прв пат претставена на саемот за играчки во Њујорк во 1959 година облечена во сега култниот костим за капење со црно-бели пруги што Марго Роби, ѕвездата на филмот „Барби“, го носи во првата сцена. Барби стана голем хит, а обожавателите ја замолија да има момче, па се роди Кен, кој го доби името по синот на Рут Хендлер.
Како што минувале годините, Барби стана многу повеќе од кукла што девојките ќе ја облекуваат. Таа стана вистинска жена од кариера – од доктор, ветеринар, астронаут, телевизиски репортер, адвокат и сè што ќе ви текне. Нема граници за Барби. Таа може да биде се што сака. Не мора да биде само мајка. И тоа е она што Рут го сакаше од самиот почеток.
Рут беше посебна дама од голем калибар. Во текот на животот се соочила со бројни проблеми, но секој од нив храбро го прифатила и го претворила во нешто добро. Контроверзните гради со кои игра мало девојче всушност кријат инспиративна позадина за болеста која успеала да ја претвори во толку вредно наследство.
Во 1970 година, на Рут Хендлер и бил дијагностициран рак на дојка. Губењето на самодовербата поради губењето на градите накратко ја оддалечило од „Мател“, а во еден момент и помислила дека ќе ја изгуби целосната контрола над својот бизнис.
За време на потрагата по адекватна протеза по мастектомија, Рут одлучила дека сака да им помогне на другите жени кои се нашле во слична ситуација. Таа измислила протези за гради, а нејзината компанија Nearly Me им помогнала на илјадници жени во истата ситуација и ја пуштила првата протеза направена од течен силикон.
До тој револуционерен момент, жените користеле марамчиња, памучна вата или чорапи за да ги наполнат градниците.
Една деценија откако ги загубила градите и повеќе од две децении откако излегла првата кукла, таа јавно објаснила дека Барби со гради не е во служба на објективизација на жените, туку во служба на женското зајакнување и прифаќање на грациозното тело на секоја жена.
„Кога ја создадов Барби, верував дека е важно самодовербата на малите девојчиња да си играат со кукла што има гради. Сега ми е уште поважно да им ја вратам таа самодоверба на жените кои ја изгубиле“, изјавила Рут во едно интервју.