Сѐ што мажите сметаат неатрактивно кај жените

Мажите, иако не коментираат многу, сепак и тоа како обрнуваат внимание.

Мажите, прифатиле или не, дефинитивно се визуелни суштества. Тие сè гледаат и забележуваат, ама никогаш не сакаат да коментираат.

Се чини дека понекогаш не можеме да сфатиме што е тоа што мажите го сметаат за атрактивно кај една жена, затоа што неретко пред нејзината енергија се побиваат сите ставови.

Меѓутоа, овој пат пред вас е списокот на работи кои мажите дефинитивно не сакаат да ги ви видат кај своите поубави половини. А целата листа се темели на познатото правило „ништо премногу“.

Внимателно со фризурите, велат мажите

Секој маж обожава да ја види својата жена со средена коса. Тоа не значи дека од рано наутро треба на својата глава да носите фризура како за матурска вечер или свадба, но потребно е да биде уредна.

Мажите никако не сакаат волуменски фризури и многу додатоци за коса, тие секогаш се за едноставна стилизирана коса.

Шминка – помалку е повеќе

Нашите посилни страна не сакаат премногу шминка. Причината за тоа е едноставна, затоа што сметаат дека жената е најубава природна, а дека нападната шминка ја прави да изгледа неуредно.

Личната хигиена е на прво место

Без разлика колку добро сте стилизирани и облечени, сè ќе падне во вода доколку не водите грижа за личната хигиена.

Спрема машкото мислење, недопустливо е една жена да има лоша хигиена. Жената не смее да има лош здив, да мириса лошо и да изгледа неуредно. Затоа нека личната нега секогаш ви биде на прво место во однос на шминкањето.

Обратете внимание на однесувањето, особено во друштво

Секој сака покрај себе да има насмеана, духовита и забавна девојка. Мажите сакаат кога жените во друштво се разговорни, но никако не сакаат да се премногу гласни. Тоа особено важи доколку таа жена е нова во друштвото. Таа веднаш оддава впечаток на нападна, напорна и тешка личност, што машкиот пол веднаш го одбива.

Затоа, научете се дека сè треба да биде во вистинска мера, а особено вашето однесување.

Мажите велат – помалку парфем е полн погодок

Личната хигиена – да, секако! Но, премногу парфем – не, никако!

Познато е дека повеќето жени се капат во парфеми, но на мажите таквите припаднички на понежниот пол им се многу тешки и одбивни. Тие сакаат умереност и за нив суптилноста е вистинска мера за сè.

И на крај, може да се заклучи само едно: за да му бидете убави на својот партнер, не морате да го нагласувате секој сегмент од својата убавина. Доволно е убавината суптилно да ја наговестите и да ѝ дадете предност на својата харизма над сите други квалитети.

Ако имате вистинска мера во сè, вие на својот партнер сте му најубавата жена на светот.

Scroll to Top