Сакам да ги гледам пожарникарите во акција, десетгодишно момче намерно подметнало пожар на грчкиот остров Лезбос

By

Десетгодишно момче е приведено од грчката полиција, откако е утврдено дека намерно подметнувало пожари. Тоа ја признало дека ги запалило дрвата на местото Аја Киријаки.

dobivaj vesti na viber

„Ги запалив огнот затоа што сакам да ги гледам пожарникарите на дело“, им рече момчето на полицијата кога го привеле.

За потсетување, во средата голем пожар изби во Тасос, кој проголта 3500 хектари густа борова шума. Утрово голем број хеликоптери и канадери го надлетуваат подрачјето на Лефкија и го гасат пожарот. Надлежните велат дека ситуацијата со секој поминат ден станува сè полоша.

„Ако продолжиме со поголемо темпо, можеби ќе ја имаме ситуацијата под контрола. Пожарот и понатаму може да се види на повеќе локации“, рече градоначалникот на островот ЕЛефтериос Киријакидис.

 

Ќе ви се допадне