Салт Бае доби забрана да присуствува на фудбалски турнир, откако ги прекрши правилата на ФИФА

Забрането е присуството на турскиот готвач Нусрет Гокче или Салт Бае на последниот натпревар од американскиот фудбалски турнир „Опен кап“. Турнирот ќе се одржи во 2023 година на кој ќе има илјадници фанови во финалето.

„Салт Бае е забранет од „Опен кап“ во 2023 година“, напишаа накратко на Твитер.

Да потсетиме, Нусрет Гокче се појави на доделувањето медали и пехари на аргентинските фудбалери по финалето на Светското првенство, го допираше пекарот и се преправаше дека го соли, се сликаше со играчите со медалите во уста кршејќи голем број правила на ФИФА, поради што навивачите бараат од Федерацијата да го санкционира неговото однесување.

Scroll to Top