Од техно до тапани, од светски ленти до Тоше Проески и Халид Муслимовиќ. Вака изгледаше журката на „Охрид Колинг“ со Салвадор Ганачи кој по вторпат е во Охрид. Одличниот стејџ на организаторите „Авалон“ и годинава остави впечаток на публиката дека е на еден од најдобрите светски фестивали.
Ганачи освен што е одличен диџеј, ја фрли публиката во транс од самиот старт и доби огромни овации кога рече: „Македонија дали си подготвена?! Не Северна Македонија, туку Македонија, дали си подготвена“.
Од сцената прво ги прозва сите што се убави, па сите што се фукара (сиромашни), потоа следеше кај сте наркомани, за на крај рака да кренат сите што се сметаат за секси наркомани – по што започна со една од неговите ленти „Секси наркоман“.
Час и половина журка на која немаше песна што нè се слушна, и немаше што се нè се направи од сцената и меѓу публиката.
Се лудуваше и на труби, а беа испратени и пораки од диџејскиот стејџ, па одеа вака: Единствено нешто што е важно, тоа сум јас. Не е важно како ќе се идентификуваш, јас се идентификувам како најдобар. Што мислиш? Јас сум одличен. Не, јас сум сè уште безболен. Не, јас сум фантастично, неверојатно. Јас сум перфектно. Јас сум најдобар“, ечеше на „Охрид Колинг“ и следеше скок на сцената.
Незаборавни останаа сцените каде Ганачи тверкаше со задникот качен на пултот. За крај се пееше „Чија си“ од Тоше Проески и „Није мене душо убило“ од Халид Муслимовиќ.