Сана Марин е негативна на наркотици, финската премиерка ги објави резултатите од тестот неколку дена по журката

Финската премиерка Сана Марин била негативна на наркотици, пренесоа финските медиуми. Марин ги објави резултатите од тестот кој го направила неколку дена откако била видена и снимена на приватна журка.

Видеото за кратко време се рашири на интернет, а Марин се најде на мета на критики. Одговори дека има право да прави што сака и да ужива во слободното време.

„Нема што да кријам, не се дрогирав“, рече Маринова.

Иако пиела алкохол на забавата, рече дека не се дрогирала. Рече дека слободното време го минува исто како и нејзините врсници и додаде дека сака луѓето ќе ја прифатат таква каква што е.

„Дури и во моите тинејџерски години не земав дроги“, им рече Марин на финските новинари.

 

 

 

Scroll to Top