Саудиска Арабија ќе гради облакодер од 400 метри во облик на коцка

Владата на Саудиска Арабија планира да изгради облакодер во форма на коцка висок 400 метри. Ќе го гради во централниот дел во новото лице на Ријад, место кое е широко околу 19 квадратни километри.

Властите веќе ги објавија плановите и новото име коцката Мукаб. Станува збор за објект кој ќе биде еден од најголемите на светот. Ќе биде супервисок облакодер долг 400 метри од двете страни. Фасадата ќе се состои од преклопувачки триаголни форми, што е инспирирано од модерниот архитектонски стил Најди.

Пошироката област околу Мукаб ќе содржи над 100.000 станбени единици и 9.000 хотелски соби, како и 80 забавни и културни објекти и универзитет за дизајн. Според владата, проектот треба да биде комплетиран до 2030 година.

Scroll to Top