Се фотографираше без гаќи: Се’ уште не е решена мистеријата за најпровокативната слика од тенисот

Веројатно најпознатата, но и најпровокативната фотографија од тенискиот терен е создадена во 1977 година.

Иако поминаа 47 години од тогаш, деталите не се познати ниту речиси половина век подоцна. А за да биде работата уште покомплицирана, придонесе постојаното и наизменично лажење на оние кои учествуваа во процесот на нејзиното создавање. Или барем постои верување дека учествувале.

На таа фотографија, девојка оди кон мрежата, а во едната рака држи рекет, додека со другата го поткрева здолништето нагоре, а одоздола нема долна облека.

По нејзиното првично објавување во 1977 година во изданието посветено на 25-годишнината од стапувањето на тронот на британската кралица Елизабета Втора, една година подоцна фотографијата беше објавена како плакат и продадена во милиони примероци.

Се верува дека фотографот е Мартин Елиот, а неговата девојка Фиона Батлер била модел. Наводно, во септември 1976 година ја замолил да му помогне, а бидејќи не играла тенис, од пријателка позајмила рекет и рачно сошиен фустан. Од татко си земала патики, додека тениски топчиња зеле од едно куче.

Само со оваа фотографија Елиот заработи 250.000 фунти, но и го означи крајот на неговата кариера. Не затоа што немал повеќе креативни идеи, туку затоа што издавачите не сакале да работат со него поради страв од потенцијално високи хонорари. Сето тоа завршило прилично тажно, бидејќи тој умрел сиромашен во 2010 година, а Фиона, која не заработила пари од фотографијата, на крајот се омажила за милионер.

„Бев наивна и не заработив ништо за тоа, иако стана една од најпродаваните во ОК и во странство. Но, секогаш кога ќе ја погледнам, не можам а да не се насмеам сеќавајќи се на безгрижните и среќни години“, изјави таа пред неколку години кога позираше со фотографијата која ја прослави.

Фустанот беше ставен на аукција во 2014 година, на денот на женското финале на Вимблдон, а пријателката зеде 15.000 фунти.

Питер Аткинсон издаде соопштение во кое тврди дека фотографијата не е Фиона, туку неговата поранешна сопруга. Решил да приложи доказ во форма на фотографија со познатата рамка, но и верзија од 1974 година.

Аткинсон дури тврдеше дека Елиот сакал да признае се пред неговата смрт и да даде писмена изјава, но дека едноставно немало време. Така мистеријата остана нерешена до денес.

Текстот Се фотографираше без гаќи: Се’ уште не е решена мистеријата за најпровокативната слика од тенисот е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top