Се откажала од своето семејство поради криминалното минато: Животната приказната на сопругата на Герет Бејл

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, веќе три години е во брак со неговата долгогодишна девојка Ема Рис Џонс. Венчавката ја направиле во тајност, поради криминалното минато на семејството на Ема.

Десетина нивни блиски пријатели и членови на семејството сведочеле на нивната венчавка, а церемонијата ја обезбедувале голем број телохранители, поради семејната драма на Ема.

Таткото на Ема пред венчавката излегол од затвор, откако отслужил шестгодишна казна затвор за измама и перење пари. И останатите членови на нејзиното семејство се занимавале со криминал, а голем дел од нив и со продавање дрога.

На венчавката не биле поканети ниту бабата и дедото на Ема, со кои таа пораснала. Бејл и Ема планирале раскошна венчавка во древен замок во Тоскана, Италија. Бил најавен и настап на американската поп-ѕвезда Бијонсе. Сите работи биле одложени поради катастрофалните односи во семејството на сопругата на Бејл. Откако татко ѝ излегол од затвор, тој почнал да живее со руска цвеќарка, нешто што уште повеќе ја изнервирало Ема.

Проблеми со законот немал само татко ѝ. Членови на семејството на Ема биле вмешани во афера со исчезнат куфер во кој имало 850.000 евра од трговија со дрога. Автомобилите кои им припаѓале на нејзините дедо, баба и тетка биле запалени во 2016 година.

Возилата биле полиени со бензин во куќата на нејзината друга тетка во Велс. Во екот на планирањето на венчавката, Ема примила уште една страшна вест. Дечкото на нејзината сестра бил пронајден мртов.

Тој наводно се убил во моментите додека бил под истрага од социјалните служби, во врска со старателството над своите деца.

Герет Бејл и Ема се во врска од средно училиште. Ема не сака премногу медиумско внимание и повремено се појавува во јавноста. Двојката има две деца. За Ема се знае дека на почетокот на нивната врска работела како фризерка во Кардиф.

Како Бејл станувал поуспешен во фудбалот, така и таа ги зголемувала своите деловни ангажмани. Таа нема јавен инстаграм и фејсбук-профил. Тие што ја познаваат велат дека се облекува скромно и дека целосно е посветена на семејството.

За потсетување, Бејл пред неколку дена најави дека се повлекува од фудбалот и оди во пензија.

 

Scroll to Top