Потполно нов концепт на Лига на шампиони би требало да се случи за две години. Веќе некое време се зборува за промени во најелитното фудбалско натпреварување. Минатата година Јувентус, Барселона и Реал Мадрид сакаа да формираат европска Суперлига, но беа спречени.
Сега навистина би можело да дојде до револуционерни промени во пренесоа некои од медиумите. „Тајмс“ пренесе дека е постигнат договор меѓу УЕФА и Здружението на европските клубови и дека се направени серија на состаноци и договори меѓу претседателот на УЕФА Александар Чеферин и претседателот на ЕЦА и ПСЖ, Насер Ал Келаифи. Договорен е сосем нов формат на играње.
За две години во сезоната 2024/25, наместо 32 клубови ќе учествуваат 36 екипи, а ќе се укине и групното натпреварување и ќе се игра по лигашки систем. Секоја екипа ќе игра по 10 натпревари со 10 различни противници по пет на гости и дома.
На крајот осумте најдобри ќе влезат во осминафинале, а екипите од 9 до 24 место ќе играат за плејоф за влез во осминафинале. Последните 12 екипи ќе испаднат од натпреварувањето.
Исто така во план е и измена на завршницата на Лига шампиони по примерот на Фајнл фор Евролигата и Супербол. Тој Фајнл фор би се играл во еден град, а полуфиналето и финалето би се играло по еден натпревар.
За ова се размислува откако коронавирусот ја присили УЕФА да организира Фајнл 8 во сезоната 2019/20, а тоа кај навивачите и љубителите на фудбалот го прифатија со позитивни критики.