Се подготвува целосно нова Лига на шампионите, ќе се укинат групите и ќе играат повеќе клубови

Потполно нов концепт на Лига на шампиони би требало да се случи за две години. Веќе некое време се зборува за промени во најелитното фудбалско натпреварување. Минатата година Јувентус, Барселона и Реал Мадрид сакаа да формираат европска Суперлига, но беа спречени.

Сега навистина би можело да дојде до револуционерни промени во пренесоа некои од медиумите. „Тајмс“ пренесе дека е постигнат договор меѓу УЕФА и Здружението на европските клубови и дека се направени серија на состаноци и договори меѓу претседателот на УЕФА Александар Чеферин и претседателот на ЕЦА и ПСЖ, Насер Ал Келаифи. Договорен е сосем нов формат на играње.

За две години во сезоната 2024/25, наместо 32 клубови ќе учествуваат 36 екипи, а ќе се укине и групното натпреварување и ќе се игра по лигашки систем. Секоја екипа ќе игра по 10 натпревари со 10 различни противници по пет на гости и дома.

На крајот осумте најдобри ќе влезат во осминафинале, а екипите од 9 до 24 место ќе играат за плејоф за влез во осминафинале. Последните 12 екипи ќе испаднат од натпреварувањето.

Исто така во план е и измена на завршницата на Лига шампиони по примерот на Фајнл фор Евролигата и Супербол. Тој Фајнл фор би се играл во еден град, а полуфиналето и финалето би се играло по еден натпревар.

За ова се размислува откако коронавирусот ја присили УЕФА да организира Фајнл 8 во сезоната 2019/20, а тоа кај навивачите и љубителите на фудбалот го прифатија со позитивни критики.

 

Scroll to Top