Се роди бебе од загрозениот вид белоглав мршојадец во скопската зоолошка

Во скопската зоолошка се роди бебе белоглав мршојадец. По четири години повторно се роди бебе овој вид кој е загрозен.

Белите мршојадци се и најголеми екологисти, тие се чистачи кои се хранат од трупови на мртви животни кои ги наоѓаат со надгледување на отворени простори честопати движејќи се во јата. Воспоставуваат  колонии кои се гнездат на карпи каде не можат да бидат вознемирувани од луѓето.

Женките најчесто се гнездат на карпи и несат по едно јајце. Го лежат двата родитела, а инкубацијата трае 48-53 дена. Младенчето го напушта гнездото на возраст од 3 месеца.

Како што информираа од зоолошката, горди се што придонесуваат за продолжување на овој вид, кој, за жал, е пред истребување.

Scroll to Top