Во зоолошка градина во Тенеси се роди еднобојна жирафа. Овој редок случај привлече големо внимание кај јавноста и се верува дека е единствена жирафа во светот без препознатливите дамки. Според Зоолошкото здружение на Кливленд, дамките на жирафите се слични како нашите отпечатоци на прстите, бидејќи се уникатни за секое животно. Тие им служат за камуфлажа во дивината. Од Зоолошката градина објавија натпревар за избирање на име за уникатната женска жирафа. Новороденото животно веќе е високо 182 сантиметри и оди самостојно.
;