Се родија две бели волчиња во скопската Зоолошка

Скопската Зоолошка градина се збогати за уште два нови члена, се родија бебињата од видот бели волци. Тие се загрозен вид животни. Бебињата се стари три недели, а белата боја како своите родители ќе ја добијат со текот на времето.

„Волчињата се со родителите, тие се грижат за нив. Мајката ги роди во дувло што сама си го направи и таму седат скриени подолго време од денот. Во многу земји на ЕУ овие волци се строго заштитени со Бернската конвенција. Арктичкиот волк е подвид на сивиот волк, кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и на Гренланд. Познати се и како поларни или бели волци“, велат од скопската Зоолошка.

Овој вид волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот поради нивното ловење, туку од климатските промени што се случуваат на Арктикот. Нарушениот екосистем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.

Фото: Горан Анастасовски
Scroll to Top