Се самоуби позната американска ѕвезда од „Американски идол“, телото го нашла сопругата

Познатата ријалити ѕвезда и текстописец Кајл Џејкобс (49), е пронајден мртов. Телото го нашла неговата сопруга исто така позната ѕвезда Кели Пиклер. Службите пренесоа дека најверојатно станува збор за самоубиство во нивната семејна куќа во Нешвил, Тенеси, јавуваат американските медиуми.

Според полицискиот извештај, повикот го примиле во петокот во 2 часот и 30 минути, а кога дошле телото на Џејкобс, го нашле со прострелна рана, која самиот си ја нанел. Го нашле на катот, во неговата работна соба. Според полицијата, Кели забележала дека го нема во креветот па отишла да го бара.

По некое време со нејзиниот личен асистент откриле дека вратата од неговата работна соба е заклучена, па асистентот повикал полиција. За потсетување, Џејкобс и Пиклер започнаа да се забавуваат во 2009 година, а се венчаа во 2011 година.

Учеството во „Американски идол“ го заврши во 2010 година на 6-то место, а заедно беа ѕвезди на реалити програмата „Ја сакам Кели Пиклер“, која почна да се емитува во 2015 година.

Џејкобс е познат и по компонирањето и продукцијата на песни за големи американски фолк и поп ѕвезди, како што се Гарт Брукс, Тим Мекгро, Ли Брајс, Кели Кларксон, како и самата Пиклер.

Scroll to Top