Седмото издание на филмскиот фестивал „Дрим шорт фестивал 2023“

Под мотото „Неопходна убавина“ годинава во периодот од 14 до 17 август ќе се одржи седмото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт 2023“ во Струга.

На фестивалот ќе има четири денови со филмови во натпреварувачки категории, регионална, интернационална, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“.

Покрај натпреварувачките програми, фестивалот годинава ќе ја претстави и специјалната програма „MK Спешл” со цел, како што информираат оттаму, промоција на македонскиот филм и младите македонски автори.

„Гостинските програми се во соработка со DocuFest од Косово и Sarajevo Film Festival од Сараево. Неизбежен сегмент од целиот фестивал повторно ќе биде едукативниот дел, пропратен со мастерклас со реномираниот ирански режисер Али Ашгари“, пишува во најава за прогремата.

Во рамки на фестивалот ќе бидат одржани и две дискусии. Во рамките на фестивалот ќе се одржи  и работилницата за краток филм „Fund Ready“, како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network.

Дел од музичката ОФФ програма, оваа година се Фолтин, а фестивалот оваа година ќе го затворат диџеите Diah и Бодан Јамакоски.

Scroll to Top