Седумгодишно дете доби писмо од кралицата Елизабета четири дена по нејзината смрт

Седумгодишниот Чарли од Лондон добил писмо од кралицата Елизабета четири дена по нејзината смрт. Писмото било испратено дента кога починала кралицата, па Чарли и неговите биле изненадени кога поштарот им донел писмо од Бакингемската палата, пренесе Би-би-си.

Чарли пред неколку месеци ѝ испратил писмо на Елизабета Втора за да ѝ го честита платинестиот јубилеј, но никој во семејството не очекувал дека тој ќе добие писмо од кралицата.

Во писмото пишува дека кралицата му се заблагодарува на Чарли за убавата порака со која ѝ го честита јубилејот седумдесет години на тронот.

„Не можеше да поверува дека писмото е вистина од починатата кралица. Морав да му се заколнам дека не го лажам и дека е навистина испратено од Бакингемската палата. Тој беше многу вознемирен кога му кажав дека кралицата почина. Ми рече дека се надева дека таа го прочитала неговото писмо“, кажала неговата мајка Џема за „Би-би-си“.

 

 

 

Scroll to Top