„Секс пистолс“ пак ќе ја издаде песната „Боже чувај ја кралицата“ за платинестиот јубилеј на Елизабета Втора

Британскиот бенд „Секс пистолс“ повторно ќе ја издаде контроверзната песна „Боже чувај ја кралицата“ по повод платинестиот јубилеј на Елизабета Втора, односно за 70-годишнината од нејзиното владеење со земјата.

Песната е оригинално објавена во 1977 година во текот на сребрениот јубилеј откога Елизабета дојде на британскиот трон. Оригинално со наслов „Нема иднина“, песната не се однесува толку на кралицата колку што е социјална критика на Британија, која на крајот на 70-тите години беше во лоша економска ситуација. Во неа ја споредува Велика Британија со фашистички режим, а за кралицата вели дека не е човечко суштество.

Поради песната, членовите на групата беа апсени и напаѓани на улица. Песната беше забранета на Би-би-си и уште неколку радија, но сепак успеа да се искачи на второто место на британската топ-листа. И некои од продавниците за плочи одбиваа да го продаваат синглот од страв дека ќе ја навредат кралицата.

Синглот ќе биде реобјавен во две верзии во речиси 6.000 примероци.

Scroll to Top