Село во Шпанија од солидарност го сменило името во Украина

Село Фуентес де Андалузија на југот на Шпанија го промени своето име во Украина во знак на солидарност со погодените од конфликтот.

Селото се наоѓа на повеќе од 4.000 километри од Украина, а на таблата на кружниот тек на влезот натписот Фуентес де Андалузија го замени со Украина. До него беше насликано и сино-жолто знаме, пренесе „Ројтерс“.

Во селото живеат повеќе од 7.100 жители. Тоа се наоѓа источно од Севиља, а некои од улиците се преименувани во Град Киев, Одеса и Мариупол.

„Главната цел е да се подигне свеста за конфликтот во Украина“, рече локалниот жител Франциско Мартинез и додаде дека промената на името е повеќе од гест и дека селаните во рок од два дена собрале 3.500 евра за центарот за бегалци.

Селото сака да понуди домови за најмногу 25 бегалци во центарот или во домовите на селаните. Рафаел Осуна (68), пензионер, рече дека во својот дом ќе прими брачен пар од Украина бидејќи живее сам во голема куќа.

Scroll to Top