Серена Вилијамс го одигра последниот натпревар во кариерата со пораз на УС Опен

Тенисерката Серена Вилијамс се прости од публиката на УС Опен во САД откако изгуби од Ајла Томљановиќ.

Најверојатно ова е последниот меч на тенисерката која зад себе има 27 години кариера. Таа има освоено 23 гренд слем титули. Во нејзината тениска кариера Вилијамс има вкупно 73 титули, од кои седум на Отвореното првенство на Австралија, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест на Ју-Ес опен.

На последниот натпревар Серена Вилијамс доби стоечки аплаузи и овации од гледачите на стадионот „Артур Еш“. Таа по овој антпревар ќе се пензионира.

„Им благодарам на сите кои се тука, на сите кои ме поддржуваа сите овие години и децении. Но, сè почнува со моите родители. Тие заслужуваат сè. Исто така, не би била тука без мојата сестра Венус. Таа е единствената причина што Серена Вилијамс постоела“, рече тенисерката.

Scroll to Top