Шампионот во уметничко лизгање Роман Костомаров доживеа мозочен удар, откако претходно му беа ампутирани рацете и нозете

Олимпискиот шампион во уметничко лизгање, 45-годишниот Роман Костомаров доживеа мозочен удар откако претходно му беа ампутирани двете раце и нозе, а шансите за преживување се минимални, пишува Риа Новости.

Костомаров на почетокот на оваа година беше примен на интензивна нега бидејќи бил заразен со коронавирусот, а ситуацијата станала многу посложена. Имал тешко воспаление на белите дробови, а потоа се појавила гангрена, при што лекарите морале веднаш да реагираат.

По ампутацијата на стапалата, превентивно му биле ампутирани и двете раце, за да се спречи ширење на бактерии и умирање на ткивото на другите делови од телото.

Костомаров има освоено златен медал на Зимските олимписки игри во Торино, во 2006 година, кога настапи во парови со Татјана Навка, а потоа заедно беа двократни победници на светските и трикратни на европските првенства. Настапуваше и со Ана Семеновиќ и Екатерина Давидова, а одамна се повлече од спортот, но остана активен како коментатор во уметничко лизгање.

Scroll to Top