Шеикот Ал Тани е најмоќниот човек во Катар, има три жени и 13 деца

Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, кој го отвори Мундијалот во Катар, е најмоќниот човек во земјата. Со години го привлекува вниманието на светската јавност, а повторно ги заинтригира кога за време на свеченото отворање на стадионот „Ал Бајт“ му бакна рака на својот татко и фотографиите беа објавени во светските медиуми.

Ал Тани е познат како голем љубител на спортот, и иако Мундијалот во Катар е проследен со критики за човековите права во оваа земја, тој го карактеризира како безобразна кампања против неговата земја.

Шеикот Ал Тани е роден  во главниот град на Катар како четврти син на поранешниот емир на Катар Хамад бин Калифа Ал Тани и неговата втора сопруга. Иако не беше првиот во низата за преземање на тронот, поради своите способности успеа да се избори за ова место. Пред да го замени татко му, успешно се занимавал со политика, но не бил на високи позиции.

Неговиот татко го испратил да учи во престижни приватни училишта во Велика Британија, а  дипломирал на престижната британска воена академија Сендхерст како еден од најдобрите студенти.

Кога ја завршил воената академија, се вратил во Катар и служел во катарската војска. Кога неговиот брат во 2003 година објави дека се откажува од тронот, неговиот пат кон наследување беше отворен. Во 2009 година тој стана заменик-командант на катарските воени сили во армијата.

Во меѓувреме, во 2004 година стапи во првиот брак со ќерката на шеикот Ал Мајас бинт Тамим бин Хамад Ал Тани, а интересно е што само со неа се појавува во јавноста. Според локалните медиуми, двајцата се далечни роднини, а од бракот има две ќерки и два сина.

Во 2008 година се ожени по втор пат, а Шеиха Ал-Аноуд бинт Мана Ал Хајри, ќерката на поранешниот катарски амбасадор во Јордан, стана негова втора сопруга. Со неа имал три ќерки и два сина. Пред неполни осум години, шеикот се ожени по трет пат. Неговата трета сопруга, Шеиха Нора бинт Хатал Ал Досари, му родила три сина и една ќерка.

Посебно е интересно што неговата прва жена, Шеиха Моза бинт Насер силно се залага за образование во Катар, а во Газа иницира изградба на голем број образовни институции, а нејзината работа доведе до фактот дека оваа жена има седум почесни докторати.

Таа во светот е позната како модерна и образована жена која се противи на полигамијата и семејното насилство. Скапа брендирана облека, модерна шминка, луксузен накит – Моза не ги крие овие работи од јавноста. Активно учествува во политиката, има голем број национални и меѓународни позиции, а сите светски медиуми често зборуваат за нејзината луксузна гардероба и стил.

Scroll to Top