Шекил О’нил за Денис Родман: Беше најлош соиграч и не сакаше да се тушира по мечевите

Легендарниот американски кошаркар Шекил О’нил речиси две децении играше во НБА-лигата и во тој период вели дека имал еден куп искуства со стотина играчи со кои ја делел соблекувалната и теренот, но дека еден од нив бил најлош од сите.

Во едно од интервјуата ги изненади сите за најлошиот соиграч Денис Родман, за кого откри дека не сакал да се тушира по мечевите.  Двајцата играа заедно во 1999 година за Лејкерси, претпоследниот клуб за кој настапи Родман.

Во тие два месеца колку што беа заедно О’нил откри бројни лоши навики за петкратниот шампион.

„Кој беше мојот најлош соиграч? Денис Родман без дилеми. Беше сјаен кошаркар, но тежок човек. Се обидуваш да создадеш единство во тимот, но еден човек секогаш беше над сите и правеше што сака. Требаше да доаѓаме еден час пред секој натпревар. Но, Родман доаѓаше 15 минути пред мечот со пилешко и ориз. Додека тренерите зборуваа, се тушираше со студена вода, па ќе истрчаше на паркетот и ќе забележеше 15 до 20 скока. По мечот не се тушираше, ќе отидеше во клуб на некоја журка и ќе се запознаеше и забавуваше со нови девојки“, рече О’Нил.

Во краткиот период колку што играше за Лејкерси, Родман одигра 24 натпревари, а беше отпуштен поради постојаното доцнење на тренинзите и на натпреварите, а беше проблематичен и во соблекувалната. За тој период просечно бележеше по 2,1 поен и 11,2 скока,

 

Scroll to Top