Шестгодишната Стефани Петковска од Струмица ја донираше својата коса за деца болни од рак 

Шестгодишната Стефани Петковска од Струмица ја донираше својата коса за деца болни од рак. Косата ја скрати за од неа да може да се направи перика за да може и другите деца да се радуваат.

За потсетување, претходно косата ја скрати и поранешната Мис на Македонија Емилија Розман која рече дека ќе ја донира во институт во Холандија каде изработуваат бесплатни перики за сите деца кои се борат со ракот.

Фото: Струмица денес

Scroll to Top