Во Скопје ќе се одржи Статуафест под слоганот „Танго на улица“. Целта на овој фестивал е да се претвори Скопје во една уличка каде ќе се почувствува духот на аргентинското танго.
Фестивалот на живи статуи ќе се одржува од 23 до 25 јуни на скопскиот „Свер Јадран“.
„Статуафест дури и му даде име на фестивалот ‘Танго на улица’, со тенденција да го претвори Скопје во една мала, но, сепак, голема уличка, сместена некаде во некој раздвижен простор во длабочините на духот на аргентинското танго, тежнеејќи да ги види и запознае оние страсни скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото, притоа, ‘премачкани’ во и со тој разигран уличен миг на евергрин“, соопштува организаторот „Театроск“.
Ова ќе биде шестто издание на „Статуафест“, а за потсетување лани фестивалот раскажуваше улични приказни за скопјани од секојдневието.