Училиште организирало натпревар во ловење глувци, учениците за три месеци фатиле над шестотини

Школо во најужниот дел на Нов Зеланд, организирало натпревар во ловење на глувци, а учениците за само три месеци успеале да уловат повеќе од шестотини. Мештаните со месеци се бореле со наездата глодари. Од школото смислиле начин на кој ќе го решат проблемот.

Тие организирале натпревар во кој учествувале голем број од учениците. Крајната цел била да се искоренат глодарите. Децата среќни ги фаќале со голи раце и ги истребувале од околните шуми. Ова мало островско школо во Халфмун Беј, на островот Ракиура, од неодамна го организираше натпреварувањето.

Организаторите велат дека на овој начин ги поттикнувале децата да фатат и да убијат колку е можно повеќе глодари кои претставуваат голем проблем на заедницата. На овој начин се зачувува и екосистемот на птиците.

Околу 40 ученици фатиле повеќе од 600 глувци во период од 100 дена. Меѓу нив се истакнал еден петгодишник, кој успеал да фати и убие 60 глувци за три месеци, пренесе Guardian.

На снимките кои ги направиле за време на натпреварот, се гледаат децата како со кофи ги исфрлаат глувците на трева и ги редат по големина. Пред натпреварот, секое дете добива импровизирана стапица, која може да ја користи за лов. Овие стапици се направени од рециклиран материјал.

„Дури и петгодишните деца го засакаа овој натпревар. Тие знаат која им е крајната цел“, рече Ема Џенкинсон, претседателката на школскиот одбор, која помогна во организирање на истото.

Ова натпреварување е дел од амбициозниот проект на Австралија. Властите сакаат до 2050 година целосно да ги истребат глодарите.

 

 

Scroll to Top