Шопската салата од Македонија е во топ јадења според светската кулинарска новинарка од Холандија

Кулинарската новинарка Јанеке Вругденхил ја стави шопската салата од Македонија меѓу омилените рецепти со домати. Вругденхил ги издвои рецептите од домати кои ги ги препорачува, меѓу кои и најпоуларната македонската салата, која ја пробала додека била на посета во Скопје во 2019 година. Таа ја нарекува салата со домати од Скопје.

„Менијата беа полни со локални јадења, а секое звучеше уште подобро од следното. На секое мени се наоѓаше шопска салата, салата од краставици, домати, кромид и бело сирење. Бидејќи има мали шанси да најдете македонско бело сирење во супермаркетот зад аголот, секое друго бело сирење можа да го употребите за да ја направите“, пишува Јанеке во својата колумна за девет омилени рецепти со домати.

Според групата „GroentenFruit Huis“, доматите со години се најупотребуваниот зеленчук во Холандија. Во останатите рецепти се најдоа супи од домати, сос од домати, украински ферментирани домати, тестенини со шери домати, авокадо тост со домати кафе и чоколадо.

Scroll to Top