Шпанија воведува бесплатно користење на возовите низ цела земја

Одржливото патување станува сè почесто. Многу земји го препознаа тоа, па неодамна Германците овозможија бесплатно патување со возови низ целата земја. Но, не се единствените, бидејќи тоа реши да го направи и Шпанија.

Секоја земја реагира на различни начини на зголемувањето на трошоците за живот на кои сме сведоци секој ден, а Шпанија одлучи максимално да им помогне на своите граѓани. Како што објави порталот Тајмаут, по намалувањето на цените на јавниот превоз, ДДВ-то и данокот на гориво, властите најавија дека ќе направат бесплатни голем број средни и кратки патувања со воз.

Сите линии со приградски возови и сите регионални линии што ги поврзуваат растојанија помали од 300 километри, со кои управува националниот железнички превозник Ренфе, ќе бидат бесплатни од 1 септември до крајот на годината. На тој начин туристите кои доаѓаат таму полесно ќе стигнат до подалечните делови на градот, но и поблиските делови од градот. Оваа одлука всушност се надоврзува на неодамнешната одлука за финансирање на јавниот превоз, каде што властите најавија попуст од 30 до 50 проценти на целиот јавен превоз.

Идејата е целата работа да се финансира од даноците на банките и енергетските компании кои во моментов најмногу профитираат од високите сметки за енергија и каматите. Овој данок треба да стапи на сила во 2023 година.

Scroll to Top