Што е тоа што го прави вашиот дом место на удобност и безбедност ?

Секојдневните вести поврзани со пожар во згради и станови, опожарување на автомобили или друг вид на природни катастрофи, како што се уништување на имотот поради поплави од поројни дождови, или пукнати цевки од водоводна инсталација, се најчестите настани кои за жал не сме во можност да ги спречиме.

Но, осигурувањето на имот, има една главна цел – заштита од финансиски загуби кои можат да настанат поради:

⦁ Пожар,
⦁ Земјотрес,
⦁ Кражба,
⦁ Поплава и порој,
⦁ Лизгање и одронување на земјиште.

Сите овие катастрофи иако се неизбежни и се вон контрола на сопствениците, може да имаат поголем размер доколку не е склучена полиса за осигурување на имотот.

Ние во MИНТ ИНС веруваме дека осигурувањето треба да биде повеќе од обврска или деловен трошок. Квалитетно и соодветно осигурување е значајна компонента на вашата финансиска стратегија, начин да ги заштитите вашите средства и вашата иднина од неочекувани настани и ризици. Затоа создадовме модерна и иновативна осигурителна брокерска компанија која е посветена на обезбедување персонализирани решенија за осигурување на клиенти од сите големини.

Овозможуваме повеќе од осигурување:

– Креирање на стратегија за намалување на ризикот: Анализирање на ризиците со кои се соочуват клиентите и подготвување на понуда за соодветното осигурување со цел да се намалат тие ризици.

– Воспоставени односи со повеќе компании за осигурување и согласно законската обврска споредување и избирање на најсоодветна понуда во однос на премија и покритие.

– Голем број на осигурителни продукти  кои ги задоволуваат потребите на потенцијалните и постоечките клиенти

– Заштита на интересот на клиентите:  советување и појаснувања за сите околности при одлучување во однос на склучување на полиса за осигурување.

– Управување со штети: обезбедување на услуги за управување со штети, помагајќи им на клиентите да се движат низ процесот на побарувања и застапувајќи во нивно име за да се осигураат дека нивните побарувања се решени брзо.

– Лиценцирани осигурителни брокери: Нашиот тим од искусни осигурителни професионалци овозможува приспособени решенија за осигурување кои ги задоволуваат уникатните потреби на клиентите.

Дополнително, МинтИнс како осигурителен брокер, има можност да Ви понуди различни полиси од различни осигуретилни компании, а со секоја осигурителна полиса добивате асистенција при наплата на штети односно сеопфатна помош која го олеснува добивањето на побарувањата, нудејќи бројни придобивки како што се:

– Бесплатна консултација за утврдување на правната основа за надомест на сите видови штети
– Процедури за надомест на штета од осигурителната компанија
– Бесплатна категоризација на повреди од сообраќајни незгоди од независен лекар-цензор
– Алтернативна пресметка за материјална штета во однос на проценката на осигурителната компанија.
– Определување коефициент на инвалидност во случај на несреќа
– Консултации за третман на лице место преку контакт центарот

Дополнителните придобивки за осигурениците вклучуваат:

– Авансно плаќање на трошоците за изготвување на вештачење на штета во вонсудска постапка
– Организирана наплата на штета во судска постапка во случај на неточни понуди
– Авансно плаќање на трошоците за правно застапување во судска постапка.

Секако, МинтИнс за своите клиенти нуди можност за плаќање преку online платформата, со можност за плаќање до 12 рати без камата, или со траен налог.

Со Mинт Инс покрај вас, можете да бидете сигурни дека сте во добри раце за избор на поволна полиса за осигурување и сооодветна заштита која ви е потребна.

Контактирајте со нас денес за да дознаете повеќе за тоа како можеме да ви помогнеме да го заштитите она што е најважно

ПР

Scroll to Top