Швајцарски фудбалер загина скокајќи од осми кат

Фудбалерот на Зрињски, Карим Газета, загина во Мостар скокајќи од осмиот кат. Газета, кој летово потпиша за Зрински, скокнал од зградата на улицата Кнез Вишеслав. Полицијата веднаш направила увид на местото.

27-годишниот Карим дојде во Зрињски како големо засилување, а едно време беше еден од најталентираните фудбалери во Швајцарија. Играше и за младинскиот тим на репрезентацијата.

По доаѓањето во Зрински се повреди и одигра само еден натпревар за овој клуб. Тешката повреда го оддалечи од теренот неколку месеци. За потсетување, во кариерата играше за Ксамакс, Сервет Винтертур и Лозана, а трансферот во Босна му беше прво заминување во странство во кариерата

 

Scroll to Top