Швајцарски хотел со нула ѕвезди гарантира дека нема да спиете

Нов хотел со нула ѕвезди во Швајцарија гарантира бессони ноќи на оние кои ќе решат да спијат во него. Ова е нова уметничка инсталација на близнаците Риклин, а нивната идеја е гостите да размислуваат за светските проблеми додека престојуваат во нивниот хотелот.

Хотелот „Нул штерн“ (Нула ѕвезди) се состои од брачен кревет на платформа, две ноќни маси и ламби покрај него. Нема ѕидови, нема плафон или врата за да се обезбедат приватност и засолниште. Се наоѓа покра пат во близина на бензинска пумпа во селото Сејон во јужниот швајцарски кантон Валез.

„Поентата не е спиењето. Она што е важно е осврнувањето на сегашната ситуација во светот. Престојот во хотелот е потврда за потребата од итни промени во општеството“, вели Франк РиклинХотелот со четири соби ќе биде отворен од 1 јули до 18 септември, а едно ноќевање чини 320 евра.

 

 

Scroll to Top