Оскар Арнгарден е 38-годишен свештеник на Евангелско-лутеранската црква од Шведска, кој е активен во теретана. Кога не е во црква, тој или е во теретана или во салон за тетоважи.
Тој вели дека оди во теретана пет дена во неделата, а покрај класичното кревање тегови, се занимава и со кросфит, специјално дизајниран тренинг за американски војници и полицајци.
Тој има свој профил на Инстаграм каде има над 40.000 следбеници. Тој вели дека некои ги заинтересирал за видот на тренинзите што ги прави, а други поради фотографиите на кои се гледа неговото обликувано тело покриено со тетоважи.
View this post on Instagram
„За професијата свештенство почнав да размислувам на 14 години, а во 2005 година се запишав на теологија. Шест години потоа станав свештеник и никогаш не зажалив“, се присетл и додаде дека отсекогаш го сакал спортот.
Како дете играл фудбал, а подоцна се префрлил на теретана.
„Со тренинзи за сила почнав на 18 години, а денес редовно тренирам пет дена во неделата, најчесто наутро. Тоа ме полни со енергија уште на почетокот на денот. Црквата не мисли дека правам нешто погрешно, туку луѓето, тие реагираат поинаку, некои се критички кон тоа“, рекол Арнгарден.
View this post on Instagram
Исто така, тој би променил некои работи во црквата во однос на односот кон младите. Смета дека треба повеќе да ги слушаат и дури потоа да се обидат да влијаат врз нив.
„Црквата постојано кажува што е правилно, а што не, што е важно, а што не. Но, првенствено треба да ги слушаме младите, нивните приказни, нивните искуства, работите со кои се борат, проблемите што ги имаат, што ги тера и што ги спречува. Лично, претпочитам да слушам и да научам нешто за некоја личност, отколку да зборувам многу“, изјавил тој.
View this post on Instagram