Швеѓанка на 103 години го собори светскиот рекорд во скокање со падобран

Швеѓанката Рут Ларсон која има 103 години собори светски рекорд кога скокна со падобран во тандем во близина на Мотала, на околу 200 километри југозападно од Стокхолм.

Рут Ларсон полека се спушташе на земјата под синото небо, каде што ја чекаа нејзините помошници.

„Горе беше прекрасно“, рече Ларсон додека се спушташе.

Сведок на настанот бил претставник на Гинисовата книга на рекорди. Ларсон, која потекнува од градот Мјолбија, за новинската агенција ТТ изјави дека и се допаѓа чувството да слегува од небо и покрај нејзиниот слаб вид.

Таа рече дека не била нервозна пред настанот, бидејќи во 2019 година веќе скокнала во тандем.

Рут Ларсон го собори рекордот на Американката Кетрин Хоџис, која скокна од мал авион во близина на Сиетл во август 2019 година на возраст од 103 и 129 дена.

Scroll to Top