Си го пронашла синот, кој службите за социјална работа ѝ го зеле пред 30 години

Зденка Мијаловиќ повторно се најде со синот Милош кој Центарот за социјална работа ѝ го земал пред 30 години. И го земале во 1992 година и оттогаш се немаат видено. Мијаловиќ која денес живее во Франција со уште четири синови, рече дека со Милош се нашле преку социјалните мрежи.

„Таа година одлучив со сопругот од вториот брак да се преселам во Германија. Тоа беше време кога почна војната во Југославија и бевме во потрага по подобар живот и за себе и моето семејство. Сакав да создадам услови и за Милош, но, немаше шанси да го донесам. Ни воведоа визи. Немаше автобуски линии и летови. Во тој период се случи несреќен случај. Милош имаше две години и остана сам дома. Еден од соседите го видел на прозор и тоа беше аларм за полицијата и социјалните работници. Ниту јас ниту неговиот биолошки татко во тоа време не бевме со него. Тој не го ни сакаше, па социјалните работници го земаа и го дадоа на посвојување. Мене никој не ме извести“, раскажа Мијаловиќ, а средбата со Милош по 30 години ја нарече судбина.

„Еден од моите синови на социјалните мрежи ми честиташе роденден, а по некое време во една од пораките стигна известување од Милош дека конечно ја видел мајка му. Името ми го знаеше, но не знаеше каде да ме најде. Некои од роднините од страната на неговиот биолошки татко му кажал за мене. Па по некое време успеал“, рече Мијаловиќ и додаде дека Милош не ѝ замерил што го оставила.

„Ги паметам неговите први зборови. Ми рече да се опуштам и дека ништо не ми замерува. Ми напиша и порака да престанам да се обвинувам. Разбира дека сум била немоќна и дека сите грешиме. Ми рече дека сè ќе биде во ред. Јас се обидов да го најдам, но не успеав, затоа што го имаше земено презимето на семејството кое го посвои“, додаде таа.

„И јас сум посвоена и имав среќа да бидам со личност која ми беше и повеќе од мајка. Таа почина во 1992 година кога заминав за Германија. И Милош имаше среќа да биде со мајка која го сака. Во книгата „Осудена“ ја раскажав целата голгота низ која минав. Морално сум силна и тоа е нешто што ме турка напред. Низ неа сакав да испратам порака дека никогаш не треба човек да се откажува“, рече Миаиловиќ.

 

 

Scroll to Top