Сиднеј повеќе не е најголемиот град во Австралија, Мелбурн има повеќе население

Мелбурн го престигна Сиднеј по население за прв пат по златната треска во 19 век, поради промените на границите на градот. Поради зголеменото население, границата на Мелбурн била проширена и до областа Мелтон.

Според најновите владини бројки од јуни 2021 година, Мелбурн сега има население од 4.875.400, 18.700 повеќе од Сиднеј. Австрискиот завод за статистика (ABS) дефинира градско урбано подрачје како што ги вклучува сите поврзани предградија со повеќе од 10.000 луѓе.

„Според дефиницијата на пописот во 2021 година, областа Сиднеј имаше поголемо население од Мелбурн. Сепак, со комбинирање на Мелтон со Мелбурн во најновата класификација, Мелбурн има повеќе луѓе од Сиднеј, од 2018 година“, изјавил Ендрју Хау од АБС за Сиднеј Морнинг Хералд, како што пренесува Би-би-си.

Граѓаните на Сиднеј би можеле да истакнат дека градот е сè уште поголем од Мелбурн ако го погледнете поширокиот регион. Според ABS, поголемите региони на градот ја претставуваат неговата „функционална област“, ​​која ги вклучува оние граѓани кои работат, го поминуваат слободното време или одат на шопинг во градот, но живеат во мали градови и рурални области што го опкружуваат.

Властите, сепак, предвидуваат дека поголемата област на Мелбурн ќе ја надмине поголемата област Сиднеј во 2031 или 2032 година.

Ова не е првпат Мелбурн да ја носи титулата најголем град во Австралија. Според Индкс.хр, за време на златната треска кон крајот на 19 век, поради која многу луѓе се собраа во Викторија, населението на Мелбурн значително порасна и беше поголемо од Сиднеј до 1905 година.

Scroll to Top