Сингапур и Њујорк најскапи градови во светот

Њујорк и Сингапур се најскапи градови во светот, откако порастот на цените на енергијата двојно ја зголеми стапката на инфлацијата, стои во годишното истражување на Економикс Ителиџент Јунит.

Тел Авив кој минатата година беше на првото место, оваа година се најде на третата позиција, а по него се Хонгконг и Лос Анџелес, кои ја делат четвртата позиција.

Трошоците за живот пораснале за 8,1% во 2022, соопштуваат од Економикс Ителиџент Јунит. За да се создаде листата, биле споредени над 400 индивидуални цени на повеќе од 200 производи и услуги во 172 града.

Меѓу десетте најскапи градови на светот уште се Цирих, Женева, Сан Франциско, Париз и Копенхаген.

Помеѓу последните на листата се Триполи и Дамаск.

Scroll to Top