Скелет од диносаурус продаден за шест милиони долари

Редок скелет од диносаурус бил продаден во САД на непознат купувач за нешто повеќе од шест милиони долари. Продаден е на аукција на Сотби во Њујорк. Станува збор за фосил на горгосаурус, далечен роднина на тираносаурусот рекс, а откриен е во 2018 година, пишува Би-би-си.

Ова е втор пат Сотби да продава фосилизиран скелет од диносаурус. Првиот тираносаурус Рекс, наречен Сју, беше продаден на музеј во Чикаго во 1997 година за 8,36 милиони долари. Горгосаурусот се очекуваше да достигне цена од осум милиони долари. Тоа е единствено од ваков вид што е понудено на продажба во приватни раце.

Постојат само 20 познати фосили на горгосаурус во светот. Горгосаурус живеел на планетата пред околу 77 милиони години, а како Тираносаурус Рекс имал голема глава, уста полна со заоблени, остри заби и мали предни екстремитети со два прста. Иако помал од својот далечен роднина, тој беше побрз, пожесток и имаше посилен залак, па можеше да се пробие низ густата кожа и да навлезе длабоко во месото на својот плен, велат од Сотби. Овој фосил е пронајден на приватен имот во американската сојузна држава Монтана. Има 79 коскени елементи, висок е три метри и долг 6,7 метри. Рекордна цена за фосил од диносаурус е сè уште 31,8 милиони долари, а исто така беше продаден на приватен купувач во 2020 година. Иако се уште не е објавено име за овој горгосаурус, меѓу следбениците на Сотби на социјалните мрежи се издвојува прекарот „убавиот Џорџ“.

Scroll to Top