Склучила предбрачен договор, дека ако сопругот ја изневери целиот живот ќе ѝ ги плаќа сметките

Познатата американска тиктокерка Шајлин Мартинез, од Ајдахо им откри на фановите дека со партнерот склучила предбрачен договор, со кој се осигурала дека никогаш нема да ја изневери.

„Мојот свршеник штотуку потпиша правен документ, заверен на нотор. Во случај некогаш да ме изневери, ќе мора целиот живот да ми ги плаќа сметките“, рече Мартинез.

Нејзиното видео за кратко беше погледната повеќе од осум милиони пати, а многу фанови ѝ напишаа дека тоа била најпаметната работа која ја направила.

 

„Ова е убедливо најпаметното нешто што сум го слушнал, може ли да ни испратите линк со ПДФ од тој документ“, и напишаа некои од нив. Мартинез рече дека нема да им ги открие деталите од договорот и оти тоа било романтичен гест од свршеникот.

Scroll to Top