Скопје го слави роденденот на Горан Стефановски на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало

Во паркот на Горан Стефановски во Дебар Маало денеска ќе биде организиран настанот „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“. Годинешното одбележување ќе биде потенцирање на неговата љубов кон рокенролот.

Ќе биде изведен музичко-драмски перформанс кој ќе вклучува извадоци од неговата театарска претстава „Лонг плеј“. На перформансот ќе настапат артистот Александар Микиќ, заедно со музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки, во режија на Јордан Симонов.

Прославата на роденденот на Горан Стефановски ќе се одржи денес, со почеток во 13:00 часот, на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало, спроти Општина Центар.

Scroll to Top