Скопје ќе пречека стотици танчари в сабота на голем меѓународен танцов напревар

В сабота, на 22 октомври, во Скопје ќе се одржи танцов натпревар. Стотици танцови двојки ќе настапат во СЦ Јане Сандански, во повеќе старосни групи и над 200 соло изведувачи, од Македонија, Италија, Бугарија, Србија, Грција, Естонија, Хонгконг, Хрватска.

Организатор на овој натпревар кој е на календарот на Светската танцова федерација е танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје . Од Македонија покрај организаторот, силите ќе си ги измерат и македонските танчери од клубовите: ТСК Степ АП, ТСК Линеа , ТСК Динамик, ТСК Прима Данца, ТСК Бранимир и Бранкица, Танцово студио Ребис. Оваа јубилејна танцова манифестација во сабота ќе ги собере најдобрите натпреварувачи во повеќе танцови дисциплини.

Билетите се веќе во продажба на мк тикетс, а на денот на натпреварот и на билетарницата во Јане Сандански. Настанот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје

Scroll to Top