Скопската ЗОО бара од посетителите да предложат имиња за белите лавчиња

Скопската Зоолошка градина бара кумови за трите бели лавчиња што се родија во март. „Предложете имиња за трите женски лавчиња што се родија во Зоолошката градина во Скопје“, напишаа во повикот од Зоолошката.

„Лавчињата одлично напредуваат под будното око на вработените во Зоолошката градина, кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови. Лавчињата ги примија сите вакцини како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните. А од денеска ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите првпат ќе имаат можност да ги видат одблиску“, рекоа од скопската Зоолошка.

Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе може да даваат предлози за избор на имиња на трите женски лавчиња. Граѓаните предлозите ќе може да ги ставаат во пластични кутии, кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози може да се напишат и во објавата на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Од Зоолошка велат дека анкетата ќе трае една недела, а наредната ќе бидат избрани имињата и јавно соопштени.

Scroll to Top