Скриена плажа на Јадранот прогласена за најубава во Европа

Плажата Пасјача во Конавле, Хрватска последниве години привлекува се повеќе посетители, а овој скриен бисер на Јадранот своевремено беше прогласен за најубава плажа во Европа.

На 30 минути возење од Дубровник, скриена под стрмните карпи, се наоѓа плажата Пасјача, која специјализираниот туристички портал European Best Destinations во 2019 година ја прогласи за најубава во Европа.

Пасјача е создадена во 1955 година кога бил ископан тунел до морето, а останатите камења биле оставени на брегот и за неколку години брановите тие камења ги претвориле во песок. По неколку години морето го однел песокот, па мештаните донеле нови камења кои повторно се претвориле во песок.

Од European Best Destinations плажата беше опишана како вистинско чудо, а патот до неа е вистинска авантура. Тоа подразбира поминување низ селото, а потоа низ шумата по тесна патека, а автомобилот мора да се остави на некој од импровизираните паркинзи. Патот продолжува по бетонска патека издлабена во стрмна карпа која се спушта до морето и гореспоменатата плажа.

Погледот од патеката се протега кон морето каде што можете да ги видите најспектакуларните нијанси на сино. Фотографиите објавени на социјалните мрежи од оваа плажа, дополнително направија во последно време се повеќе туристи ја посетуваат.

Scroll to Top