Словенија ги легализираше истополовите бракови и посвојување деца

Словенија ги легализираше истополовите бракови и посвојување деца, пренесе „Еуроњуз“. Тамошниот Врховен суд донесе одлука дека забраната за венчање и посвојување на деца од истополови двојки.е неуставна и му наложи на парламентот да го измени законот за шест месеци.

„Додека судот им даде на законодавците шест месеци да ги изменат постојните закони за да се усогласат со пресудата, бараните измени ќе бидат готови за една или две недели“, рече Лука Месец, министер за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности.

Оваа одлука дојде само неколку недели откако либералната национална влада ја презеде функцијата, заменувајќи ја онаа предводена од десничарските конзервативци. Судот го презеде ова прашање по жалбите на две истополови двојки кои не можеа да се венчаат или да се квалификуваат да посвојуваат деца.

Ваквата одлука беше донесена во петокот, а судиите утврдија дека законите кои дозволуваат само бракови и посвојувања на деца од истополови двојки, ја прекршуваат уставната забрана за дискриминација.

„Дискриминацијата на истополовите парови „не може да се оправда со традиционалното значење на бракот како заедница меѓу маж и жена, ниту со посебна заштита на семејството“, се вели во пресудата.

Со оваа одлука се проби теренот за правата на ЛГБТИ заедницата во Централна и Источна Европа, каде што неколку земји имаат уставни забрани за истополови бракови и ниту една досега не дозволува венчавка на парови од ист пол.

За потсетување, Хрватска, Чешка, Унгарија и Црна Гора имаат закони за воспоставување на истополови граѓански партнерства.

 

Scroll to Top