Словенката Ана Рош е избрана за најдобра готвачка на светот

Словенката Ана Рош е прогласена за најдобра готвачка во светот, додека на натпреварот Best Chef Awards кој се одржа во Мадрид се најде на деветтото место. Шпанецот Дабис Муњос втора година по ред на овој натпревар е прогласен за најдобар готвач на светот, додека тетовецот Рене Реџепи, кој живее и работи во Копенхаген е второпласиран. А како трето награден е Хоан Рока.

Рош е позната по поддршката за одржливото земјоделство во Словенија, и ја прими посебна награда за својот искрен однос кон состојките и средината во која што работи. Таа раководи со кујната во ресторанот „Хиша Франко“ во Кобарид, кој неодамна доби две ѕвезди Мишелин.

Ана Рош потекнува од  гратчето Нова Горица во поранешна Југославија. Таа има нејзин ресторан во Словенија, кој станал главна дестинација за храна во земја. Сместен е во подножјето на  долината Соча, тој има за цел да ја одрази природната средина на регионот, од драматичните планини до смарагдната река Соча, до Јадранското Море. Иако пристапот на Рош е многу технички, акцентот е секогаш на дозволување на суштината на локалните состојки. 

Нејзиното готвење стана познато, а во 2011 година ресторанот „Хиша Франко“ беше прикажан во документарен филм на француско-германскиот ТВ канал Арте. Во 2012 година, Рош стана првата жена-готвач што се придружи на Рене Реџепи, Алекс Атала и Даниел Патерсон за настанот Cook It Raw. И во 2016 година, „Хиша Фрако“ беше прикажан во серијата на Нетфликс, Chef’s Table.

 

Scroll to Top