Со палење свеќи и пораки, децата од Актерската школа на Весна Бејби им оддадоа почит на убиените ученици од Белград

Младите актери од Актерската школа на Весна Петрушевска денес им оддадоа почит за убиените деца од основното училиште „Владислав Рибникар“ од Белград.

Актерите денеска беа на промоција на „Стапица“ од Горан Стефановски на саемот за книга, а потоа пред Амбасадата на Србија во Скопје запалија свеќи и оставија пораки.

Во Србија поради трагичните настани прогласена е тридневна жалост.

Scroll to Top