Со памук и боја до совршени велигденски шарени јајца

Подготовките за претстојниот Велигден веќе се започнати. Изборот на јајца, боја и украси, овие работи домаќинките најчесто ги одбираат сами, но секоја нова идеја е добредојдена. За палетата на избор биде поголема ви ја носиме техниката за бојадисување на јајца со памук или туфери. Она што ви е потребно е поголемо парче памук и  боја за јајца.

Развлечете го памукот со што ќе го прекриете целото јајце, а потоа нанесете ги боите кои биле ваш избор. Доколку се одлучите бојадисувањето да го правите со туфери, во тој случај поставете алуминумска фолија, а на неа наредете ги туферите, на кои ќе нанесете бои. Може да ги нанесувате надолжно или во точки. Потоа јајцето завиткајте го во фолијата и оставете го петнаесетина минути, па извадете го од фолијата и туферите. За убав сјај на јајцата, премачкајте ги со малку масло.

Како изгледа постапката на целата оваа техника, погледнете го видеото.

Scroll to Top